Во регионот со брзина на светлината се споделува видео од необична сцена што е снимена во Сплит.
Една девојка тргнала да се прошета со трактор, додека весело викала: „Во петок се мажам“.
Тракторот на кој се возела оваа идна невеста бил украсен со хрватското знаме, а девојката го привлекла вниманието на минувачите и жителите на околните згради.