Еден од двајцата калифорниски лекари кои се меѓу петтемина обвинети за смртта од предозирање на ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери, се изјасни за виновен за незаконско дистрибуирање на кетамин.
Марк Чавез се изјасни за виновен пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да се соочи со затворска казна до 10 години.
Друг лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетиот Џасвин Синга, позната како „Кралицата на кетаминот“.
Личниот асистент на Пери, кој призна дека му вбризгувал на Пери, и наводниот посредник кој рекол дека набавил кетамин од Синг, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата против нив.
Властите велат дека Пласенсја напишал во СМС пораките до Чавез колку да му наплати на Пери за лекот: „Се прашувам колку ќе плати овој морон“.
Според судските документи, Пласенсја му препишал кетамин на Пери и добил помошник да му го инјектирал лекот пренесува Н1.