Домаќинка и инфлуенсерка од Велика Британија, Соуди ел Надак (26) на Инстаграм објави видео во кое тврди дека сопругот и купил остров за да се чувствува безбедно на плажа.
Видеото на Соуди ел Надак, кое го следат повеќе од 330.000 луѓе на таа социјална мрежа, за помалку од една недела го погледнале повеќе од 2,4 милиони луѓе, пишува Хиндустан Тимес.
Нејзиниот сопруг, бизнисменот од Дубаи, Џамал Ел Надак, го сподели истиот клип со натпис: „Сакаше да купиш бикини, па маж ти ти купи остров“.
Како што изјавила за Хиндустан Тимес, го запознала својот сопруг додека студирала во Дубаи и во брак се повеќе од три години.
Таа одби да ја открие точната локација на островот освен дека е во Азија и дека чинел 50 милиони долари.
Соуди редовно споделува снимки од луксузни ресторани и патувања, каде често ужива во позлатени шолји и чинии додека пие кафе од 160 фунти.