Со незаборавната „Мотори“ тргна електрично-акустичниот концерт на легендарните „Дивље јагоде“ вчера вечерта во Филхармонија. Публиката пробрана, љубители на овој звук, веднаш реагираа со овации и поддршка на Зеле и дружината.
-Јас сум повеќе за електрика, но ми велат во Македонија сакаат и акустика. И еве, малку струја, малку акустика да слушнете дел од песните од нашите 13 албуми, рече Зеле на почетокот.
Се играше, се пееше и сите ги чекаа „Криво је море“, „Једина моја“, „Шејла“ и уште стари и нови песни кои ја обележаа оваа неколку децениска кариера.
Концертот траеше над два часа, а секако очекувано публиката ги врати на бис, бидејќи за тогаш беше планирана „Шејла“ и уште неколку.
Се на се беше вистинско уживање за сите Ју рок носталгичари.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски