Мексиканската пејачка и актерка Белинда Перегрин Шул (35) во понеделникот прошета по пистата на модната недела во Париз.
Но, наместо нејзината облека и фигура да го привлечат вниманието на публиката, по ревијата во медиумите се појавија малку поинакви фотографии од Белинда.
Додека одела, Белинда се сопнала и паднала, а се чини дека виновни биле црвените чизми во кои одела. Набргу потоа, нејзината колешка, бразилската пејачка Анита ѝ пришла на помош и ја охрабрила да продолжи да чекори по пистата.
Видеото од падот брзо почна да се шири на социјалните мрежи, а самата Белинда решила дека и самата добро ќе се насмее на се.
-Не е важно колку пати ќе паднеш, важно е како ќе станеш – напиша таа на својот Инстаграм профил со видео и јавно и се заблагодари на Анита.
А потоа малку се пошегува со себе и го спореди видеото од нејзиниот пад со сцената од популарната серија „Сексот и градот“ кога на пистата паѓа и Кери Бредшо.