Познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ предизвика многу реакции во регионот откако беше откриено дека во 2021 година бил осуден за блудништво врз малолетник.
Касумовиќ се прослави со улогата на Дамир Хазлиновиќ во популарната серија „Луд, збунет, нормален“, а сега сите проекти во кои учествува се суспендирани.
Касумовиќ е осуден на една година, но ја отплатил казната и не одлежал ниту еден ден.
Сценаристот Феѓа Исовиќ, пишува порталот Аваз, откри дека целата екипа била шокирана и дека сите се надевале дека тоа биле само озборувања:
– Можам да ви кажам дека сум шокиран, како и сите други. Минатата година направивме пилот серија со него. Штом дознавме за ова, ја прекинавме продукцијата на таа серија. Веројатно, ако имаме услови, повторно ќе снимаме со друг актер. Навистина немам што друго да кажам – изјави Исовиќ.
Тој додаде дека сите се шокирани, збунети.
– Целиот тим, целата продукција. Ние сме во состојба на неверување дека е можно да се случи такво нешто. Се надевав дека тоа е само некое бесмислено озборување, дека не е вистина. Сепак, се покажа дека е вистина. Навистина, сите сме шокирани. Ги суспендираме сите проекти во кои е вклучен – потенцира Исовиќ за Аваз.