Министерството за внатрешни работи на случај со градежна фирма во Скопје, за кој постои сомневање дека е поврзана со милионска измама. Полицијата вчера извршила претрес во приватна куќа и други објекти.
Поведена е постапка против едно лице во Скопје, осомничено за сторено за противправна добивка од 73,7 милиони денари.
„На 05.09.2024 година, од страна на полициски службеници на Единицата против економски и компјутерски криминал во координација со вработените од Бирото за јавна безбедност и други надлежни институции со наредба од судија на претходна постапка, извршена е истражна контрола во куќата на лицето С.В од Скопје, по претходно издадена наредба за контрола на деловен простор на правно лице со седиште во село Батинци во врска со кривична пријава за кривично дело од член 275-в од Кривичниот законик, „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“, додека за предметниот случај се’ уште се прибираат дополнителни докази“. соопштија од МВР.