Полицијата информира дека вчеравечер била каменувана куќата на најдобриот македонски кикбоксер, Бобан Илиоски. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил, откако Илиоски физички се пресметал со едно лице кое претходно нападнало член од неговото семјество.
Како што велат од МВР, се започнало околу 22.20 часот кога Илиоски со уште едно лице физички го нападнале 28-годишниот Е.Л. од Скопје.
– Лицето Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство – велат од полицијата.
Со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св. Наум Охридски”.
Од полицијата информираат дека увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.