На 47 години почина новинарот Саше Димовски, кој долго време се бореше со здравствените проблеми, но не успеја да извојува последната битка.
Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна ја објави веста дека е именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Саше е автор на повеќе публикации од областа на правосудството и медиумите, беше дел од неколку тв куќи, беше и основач на портлот сведок.мк.
Тој боледуваше од дијабетес, му беше ампутирана ногата, а пред неколку години се собираа и средства за негова рехабилитација.
Погребот ќе се изврши утре, 07.08.2024, на новите Градски гробишта во Велес