Најромантичната пешачка патека во италијанската Чинкве Тере, симболично наречена Виа дел Аморе (Патот на љубовта), денеска е повторно отворена по 12 години, јавува Анадолија.
Патот на љубовта, меѓу Риомаџоре и Манарола, најромантичната пешачка патека, Чинкве Тере, повторно е отворен.
Трасата долга околу еден километар се движи околу серија од пет села што го сочинуваат Чинкве Тере, кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Поплочената патека се наоѓа веднаш на брегот со прекрасен поглед на копното и морето. Има 104-годишна историја и иднина која во голема мера зависи од зачувувањето на италијанските пејзажи.
Оваа рута досега беше затворена од безбедносни причини, поради свлечиште каде во 2012 година беа повредени неколку туристи од Австралија. Тоа укажуваше на голема потреба од реновирање на овој простор, пренесува Б92.