Актуелниот олимписки шампион во скок во височина Џанмарко Тамбери (32) синоќа на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз го носеше италијанското знаме и доживеа неверојатен пех.
За време на веењето на знамето, венчалниот прстен на Тамбери паднал и завршил во реката Сена. Оваа несреќа предизвика шега кај италијанските спортисти, но ватерполистите успеаја да го расположат Тамбери.
И покрај непријатностите, Тамбери ја доби поддршката од своите колеги. Ватерполистите му рекоа:
-Ако изгубиш едно злато, ќе најдеш друго.
gianmarco tamberi così gasato che come scende dal battello va al louvre a riprendersi la gioconda
pic.twitter.com/0YTioXnw2X
— 𝗅𝖾𝗇𝖽𝗈𝗋𝗆𝗂𝗇 (@cmqgloria) July 26, 2024
Останува само да и се извини на сопругата што го изгубил бурмата, а таа можеби ќе му прости доколку освои нов златен медал на Олимписките игри во Париз.