Холивудската актерка Џенифер Анистон го критикуваше републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс за неговите коментари во кои тој ги нарече демократите „жени кои немаат деца, водат мизерен живот и се грижат за мачки“.
Актерката од комичната серија Friends (55) објави интервју што Венс му го дал на поранешниот водител на Fox News, Такер Карлсон, во 2021 година и на својот Инстаграм профил напиша дека „не може да верува дека таков став доаѓа од потенцијален потпретседател на Америка“, пренесува Би-би-си.
„Не можам да верувам дека ова доаѓа од потенцијалниот потпретседател на САД. Сè што можам да кажам е…Господине Венс, се молам вашата ќерка да има среќа еден ден да има свои деца. Се надевам дека нема да мора да се сврти кон ин-витро како друга опција затоа што се обидувате да ѝ го одземете тоа“, напиша таа покрај видеото од Венс.