Доцна вчера попладне, почина новинарката Анета Ѓошевска. Анета Ѓошевска е родена во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј.
Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија. Ќе остане запаметена меѓу најблиските, кај колегите и пријателите по вродената харизма за шега, ведриот и колегијален дух и професионалноста.
Посмрните останки беа изложени денес во 12.30 во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот беше извршен во 13.30 часот на гробиштата во Бутел.
ПОЧИВАЈ ВО МИР ГУЛАБИЦЕ, НЕКА ТИ Е СВЕТОТ ПАТОТ НА НЕБОТ