Омилениот детски актер Бенџи Грегори, кој како момче глумеше во познатата телевизиска серија „Алф“, почина на 46-годишна возраст, јави американскиот портал ТМЗ.
Грегори го паметиме како Брајан Танер во познатата серија „Алф“. Неговата сестра Ребека Фафингер ја потврди веста за смртта.
Бенџи и неговото куче чувар биле пронајдени мртви во неговиот автомобил на 13 јуни, на паркинг во Аризона. На Фејсбук таа навела дека Бенџи Грегори заспал во возилото и починал од топлотен удар.
Грегори како Брајан Танер се прослави во познатата серија „Алф“, која првпат беше емитувана во далечната 1986 година.
Бенџи тогаш имаше само 8 години.Сестрата на Бенџи изјави за ТМЗ дека Грегори страдал од депресија, биполарно растројство и пореметување на спиењето што го држело буден со денови.
Неговите пријатели и други актери се простуваат од својот колега со трогателни пораки на социјалните мрежи.