Познатата холивудска ѕвезда Маргот Роби чека бебе со својот сопруг Том Акерли. Оваа вест ја објавија сите светски медиуми откако се појавија и папарацо фотографии на кои е снимена среќната двојка за време на летен одмор на езерото Комо во Италија.
Маргот Роби има 34 години, а стекна светска слава со филмот „Барби“, па сега сите пишуваат „Барби“ е бремена.
Маргот и Том се запознале на снимањето на филмот Suite Française во 2014 година.
Во 2016 година тајно се венчале во Австралија.