Цеца одмара на Малдиви и од таму редовно објавува егзотични фотографии. На последните фотографии е речиси гола, па иако е веќе 51 година, изгледа совршено.
Таа неодамна објави дека линијата ја довела до совршенство иако не држи некои ригорозни диети.
-Ја доведов мојата линија до совршенство таква каква што е, но без никакви ригорозни диети, без овие работи што се бодат, оцемпик, чуда, која сега е многу популарна и многу опасна, нездрава и директно влијае на тироидната жлезда и панкреасот. Едноставно решив да не јадам ништо после седум и да пијам само вода. Понекогаш пиво, мене пивото ме сака, не ме дебели. Ослабев 8,5 килограми за еден месец, без ниту една секунда да гладувам, јадев што сакав. Најкасно значи 8:30, 8 навечер нема веќе внесување храна и ми се покажа.
Тоа е како автофагија. А потоа сабајле станувам во 8, 9 и пол, појадок, го подигам метаболизмот и тоа е тоа. И физичка активност. Тренирам или ако не стигнам до тренинг, брзо одам по лентата за трчање за да го поттикнам телото и метаболизмот. Ако нон-стоп лежите, метаболизмот не може да ви се забрза – изјавила Цеца за „Телеграф“.