Едни од најангажираните музички уметници кај нас, одново и одново ја освојуваат публиката со својот глас и страст кон музиката.
„Либеро бенд“, вчеравечер на јавноста и го претставија своето ново музичко парче, односно песната која го носи насловот „Лани“. Новиот музички сингл, со сосема ист текст, доби две верзии – емотивна и поенергична верзија. И двете верзии од песната се прекрасни и вредат да им се восхитувате.
Како комплетен автор на ова ремек дело се потпишува Лазар Цветковски, а видео записот кој плени со својата креативност е дело на Даниел Јовески.
„Со големо задоволство ја споделуваме нашата најнова песна, а со оглед на тоа што сакавме да го погодиме и најистенчениот вкус на слушателите, песната ја направивме во две верзии, за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат. Ова е само најава и мал дел од сето она што следува од нас во наредниот период, дотогаш уживајте во „Лани“ – вели Иван Јованов, фронтменот на Либеро.
Слушнете ги двете верзии: