Нов медицински директор на Клиниката за Токсикологија ќе биде д-р Андон Чибишев.
Чибишев е назначен од новиот министер Арбен Таравари, кој вчера најави, а веќе денес разреши неколку економски директори, меѓу кои и скандалозната Бесија Иљази, која на работа доаѓаше со таткои, кој и ја вршеше улогата на преведувач.
Името на д-р Чибишев на прашање на ММС ни го потврди и министерот.
– Да, д-р Андон Чибишев ќе биде новиот директор, рече министерот.
Д-р Чибишев е долгогодишен професор на Медицинскиот факултет, поранешен пратеник и директор на Клиниката за токсикологија.
(В.М.)