Корисникот на ТикТок и танчер Петар во едно од своите видеа покажа стан во Париз кој го изнајмува за 800 евра месечно, што е само 5 метри квадратни.
Станот изгледа многу необично. До креветот има када, над која има машина за перење, а има и полици со микробранова печка.
@petarcet97 for me its the shower right next to my pillow #paris #apartmentsearch #tinyhouse ♬ grooby ahh TikTok sound – Ken'z
Од другата страна на креветот има телевизор, вентилатор, а има и неколку чинии и бокал. Интересно е што станот нема тоалет, па Петар морал да ги користи тоалетите надвор од станот.
„Во зградата што ја делиме има само еден тоалет по кат“, објаснува тој во видеото.
@petarcet97 Antwort auf @Rianne Haddocks #tinyhouse #paris #littlejohn #fyp ♬ ls lt a crime by Sade – PlaylistsbyMolly
Како што може да се види во коментарите под видеото, настанал вистински хаос, а бројните корисници со неверување истакнале колку е страшно за нив да замислат дека живеат во таков простор.