Александар Бајдевски денеска во седиштето на СДСМ поднесе кандидатура за претседател на оваа партија.
Бајдевски е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација.
Кандидатури вчера поднесоа Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Венко Филипче.
Денеска е последен ден од рокот за поднесување кандидатури, а изборите се на 30 јуни.