Скопската епархија при Македонската Православна Црква – Охридска aрхиепископија, соопшти дека во изминатите шест месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје.
Се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.
Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, а меѓу донаторите беше и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
За целосно довршување на храмот, како што посочија денеска од МПЦ-ОА, ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.
– Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години, се вели во соопштението од Скопската епархија при МПЦ-.