Дечиња, првачиња од ОУ „Братство“ од населбата Карпош беа гости во редакцијата на Канал77 и ММС.мк.
Љубопитни, насмеани, распеани, се прошетаа и се распрашуваа: како се прават вести, како се води програма, што е ова, за што служи она, кај е камерата…
Освен тоа ги открија и нивните желби и соништа, најмногу „што ќе бидат кога ќе пораснат“. Доктори, полицајци, учителки, но и спајдермени, различни желби различни професии.
На крајот ја запејаа нивната омилена песна „Јас имам некој“ од Слаткар.
Погледнете го видеото: