На 26-ти мај ќе се одржи триесет и седмото издание на фестивалот за новосоздадена македонска фолк песна „Фолк Фест Валандово“.
Фестивалот годинава ќе се одржи со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции, чиј редослед беше утврден преку жребување.
На 24 и 25 мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржат две предфестивалски вечери на кои ќе настапат реномирани изведувачи од македонската фолк и забавна музичка сцена.
„Фолк Фест“ е македонска вредност. Ја одржува нашата традиција, создава нови песни и го зајакнува македонскиот идентитет – истакнаа организаторите на неодамнешната прес конференција.
Влезници за фестивалот, можат да се набават во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово.