На прагот од осмата деценија, сосема е очекувано луѓето да го поминуваат времето во прошетки или пак, чување на своите внуци. Сепак, различните животни околности во кои некој живеел, исхраната, како и движењето, имаат големо влијание на тоа како една личност ќе ја дочека староста. Некои не гледаат на тоа како на „изговор“, туку одлучуваат да тренираат.
Чиф Барбет е веганка која одлучила да го промени својот начин на живот и да направи корекции во исхраната, за да биде витална колку што е можно повеќе. Таа открила дека лани го прославила 72-от роденден, кога и одлучила да направи прекрасни фотографии покажувајќи им на луѓето на кој начин одговара телото кога вежбате и кога се грижите за себе.
„Бев на стандардната американска диета. Бев навлечена на, фруктозен сируп, имав ужасна кожа, астма и проблеми со варењето на храната. Мојата мајка ставаше шеќер скоро во сѐ, но мене ништо од тоа не ми недостасува“, објаснува таа во видео приказната која е објавена на ТикТок.
Оваа веганка исто така, открила дека со текот на времето научила правилно да се храни, обезбедувајќи му го на своето тело сето она што му е потребно. Барбет паралелно и почнала со вежбање, па сега изгледа подобро од многу помлади жени. Таа има згодно и затегнато тело, навмевка на лицето и убава кожа, што се резултат на промените со исхраната. Токму поради тоа, таа смета дека исхраната може да биде вистински лек.
Фотографиите од оваа жена ги воодушевија корисниците на социјалните мрежи кои признаа дека нејзиниот пример е вистинска мотивација за да работат насебе.
„Инспирирана сум“;
„Толку си убава и однадвор и одвнатре“;
„Прекрасна дама, таа е пример за тоа како една жена треба да се трестира себеси“ – се само дел од коментарите.