СВР Штип апелира до сите возачи учесници во сообраќајот максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-Имајќи ја предвид состојбата на сообраќајот на патиштата на подрачјето на СВР Штип поточно на експресните патишта во правец Штип-Кочани, Штип – Радовиш и Штип – Велес каде се одвива мешовит сообраќај, како и случените сообраќајни незгоди во периодот на 2024 година, посебно оние со тешки последици, СВР Штип апелира до сите возачи учесници во сообраќајот максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, поставената хоризонтална и вертикална сигнализација на патиштата, да ја прилагодуваат брзината на возилата согласно условите на патиштата и сообраќајната сигнализација, а сé со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот на сите учесници. Од страна на ПС за БПС ќе бидат зачестени и засилени сообраќајните контроли на овие правци во однос на почитување на сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација од страна на возачите односно учесниците во сообраќајот информираат од СВР Штип.