Заврши првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија, која се одржува во Малме, Шведска.
Избрани се првите 10 финалисти, а тоа се Србија, Португалија, Словенија, Украина, Ливанија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.
Најголема шанса за победа имаат претставниците на Хрватска „Бејби Лазања“ со песната „Рим Тим Таги Дим“, а со свој специфичен настап може да се пофалат и останатите претставници.
Србија вечерва на половина час го прекина емитувањето на Евросонг, бидејќи националниот сервис РТС1 дирекно го пренесуваше пристигнувањето на кинескиот претседател си Џипинг.
Интересно е што оваа година по 31 години на Евросонг се врати Луксембург и успеа да се пласира во финале.
Во четврток е вората полуфинална вечер, каде ќе се натпреваруваат уште 15 држави, од кои ќе се изберат новите 10 финалисти. Во сабота е големото финале, а на 20-те финалисти ќе им се приклучи големата четврока држави, а тоа се Германија, Франција, Шпанија, Англија и земјата домаќин Шведска