Јавното сообраќајно претпријатие утре ќе сообраќа по празничен возен ред.
-Утре, поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници.
Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември, се вели во информацијата од ЈСП.