Првото летечко такси без возач може да полета во Велика Британија во рок од две години според владините планови, кои исто така предвидуваат редовна испорака на беспилотни летала за медицински цели до 2027 година.
Александар Вучиќ пак пред два дена најави летечки автомобили и во Србија, како гостин на телевизискиот канал -таблоид Информер.
Тој рече дека многумина му се смеат кога ги спомнува летечките автомобили и повтори дека доколку во меѓувреме нема поголеми безбедносни проблеми, Србија до 2027 година ќе има летечко такси за ЕКСПО.
„Ќе имаме летечко такси за ЕКСПО, за да покажеме како изгледа. Работиме со две компании, едната е француска, едната е веројатно австриска или германска. А работиме и со Кинезите. Кинезите во моментов се единствените во светот способни за она што е нашата цел, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите, без разлика колку и да ви се чини чудно. Ќе дадеме се од себе за да бидеме први или втори во Европа што ќе воведат летечки такси до 2027 година“, изјави денеска Вучиќ.