Хотелот Гранд Плаза во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиеше фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога одигра пријателски натпревар со Словенија со португалската репрезентација. Хотелот одлучи, бидејќи многу фанови не можеа да дојдат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат, да го стават креветот на аукција на крајот на месецот по почетна цена од 5.000 евра, а парите ќе бидат наменети за хуманитарни цели, јавува порталот 24УР.
Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојуваше португалскиот фудбалер.
-На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на аукцијата“, објави порталот.
Порталот наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијан Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне обидите да дојде до него.