Електронските цигари може да предизвикаат промени во клетките кои можат да предизвикаат рак, сугерира новата студија.
Долгорочната употреба на овие уреди може да предизвика значителна штета на здравјето. Ова предупредување доаѓа откако британската влада претстави предлог-закон со кој ќе се забрани на следната генерација да купува цигари и да се бори против пушењето кај младите, објави „Дејли мејл“.
Во Велика Британија, Законот за тутун и електронски цигари секоја година ќе ја зголемува старосната граница за продажба на тутун за една година, така што цигарите никогаш нема легално да се продаваат на секој што ќе наполни 15 години или на помлади. Исто така, ќе воведе нови овластувања за ограничување на вкусовите и пакувањата кои намерно им се рекламираат на децата. Ова би можело да го промени начинот на кој електронските цигари кои содржат никотин се изложени во продавниците, поместувајќи ги подалеку од очите на децата и подалеку од други производи, како што се слатките.
Бројките покажуваат дека секое петто дете пробало електронски цигари и покрај тоа што е забрането за помлади од 18 години, додека бројот на деца кои користат е-цигари се зголемил тројно во последните три години.
Во првата студија од ваков вид за истражување на ефектите од електронските цигари на различни типови клетки, истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Инсбрук, Австрија, анализирале повеќе од 3.500 примероци. Тие пронашле епителни клетки – кои вообичаено ги обложуваат органите и често се местото каде што започнува ракот – во устата се покажале значителни грануларни промени кај пушачите.
Што е најважно, слични промени биле забележани во клетките на корисниците на електронски цигари кои пушеле помалку од 100 цигари тутун во текот на нивниот живот.
Д-р Иан Вокер, извршен директор за политика во Канцер рисерч ВБ (Cancer Research UK), рекол дека децениските истражувања ја докажале врската помеѓу пушењето и ракот.
„И досегашните студии покажаа дека електронските цигари се далеку помалку штетни од пушењето и можат да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето. Меѓутоа, овој труд нагласува дека електронските цигари не се без ризик, па потребни ни се повеќе студии за да го откриеме нивното потенцијално долгорочно влијание врз здравјето на луѓето“, рекол тој.