Две убавици од Македонија се закитија со титули на Miss EVROPA 2024. Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2024 на кој нашата држава имаше две претставнички, Ева Јовановска(20) од Тетово и Каролина Јанчовска ( 21) од Скопје.
Двете од Либан се враќаат со титули : Ева ја освои титулата 4та придружничка, а Каролина титулата Miss Elegance.
Победничка, односно новата Мис на Европа е претставничката на Русија, прва придружничка е од Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои Украинката.
Двете наши убавици се дел од Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за овој избор за убавина кој традиционално веќе со години се одржува во Бејрут, Либан во организација на Style Events Organization.
Нашите девојки на финалето се претставија во модели на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.