Водителките често знаат да паднат и да се искрршат на сцената. Такво нешто и се случило и на Сузана Манчиќ во 2011 година, на самиот почеток на емисијата „Песна плус бинго плус“ паднала на скалите во студиото на РТС при што го повредила левото рамо.
Водителката и покрај болките продолжила со снимање до крај. Кога се исклучиле камерите, била пренесена во Ургентниот центар.
-Ги скинав чорапите кога паднав, а ми падна и чевелот, иако на тоа воопшто не се сеќавам. Тетивите на рамото ми се скинати, имам модринки и рани на нозете и се страшно ме боли. Лекарите ми препишаа физикална терапија, па се надевам дека до недела ќе бидам подобро – изјавила тогаш водителката, пренесува курир.рс.