Регионалниот ЦУК Битола, информира дека од Министерство за одбрана дека денеска од 8.30 до 15 часот на стрелиштето ,,Леково“ ќе биде реализирано боjно гаѓање.
-Заради безбедност, се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето. Истовремено се информира дека, по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето, ако се најдат неексплодирани зрна односно проектили, граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат и треба да се пријави на 112 во ЦУК, по што ЦУК ќе се постапи според стандардните оперативни процедури за пронаоѓање на неексплодирани убојни средства (НУС) во Системот за управување со кризи. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации, информираат од ЦУК.