Регионалниот ЦУК – Тетово известил дека на бројот 112 граѓанин од село Форино во Општина Гостивар, доцна попладне пријавил дека мечка му дошла на имотот кај шталата, како и дека се движела околу шталата во моментот на пријавување.
-Веднаш била известена Полициската станица – Гостивар чија екипа излегла на местото на настанот. Случајот бил внимателно истражен по што е известено дека животното нема направено штета во шталата и на оградата околу куќата, но видно забележани биле траги од мечката. Паралелно со известувањето за мечката во гостиварската полиција, Регионалниот ЦУК – Тетово ги известил Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност, информираат од ЦУК.