Би било идеално доколку низ животот чекориме со што помалку стрес. Но во суштина, многумина на работното место се соочуваат со високо ниво на стрес, а при тоа, често ги игнорираат знаците кои им ги праќа телото. Реалноста е дека многу вработени имаат премногу работни обврски со нереални очекувања и рокови, што води кон прекувремена работа.
Тие имаат чувство дека работат повеќе од она што би трбало, копнеат за одмор и сметаат дека немаат време да си се посветат на себе.
Од друга страна, ги игнорираат таквите потреби поради страв од осуда или од губење на работата. Сепак, таквата преоптеретеност води кон сингром на „прегореност“ или burnout.
Овој синдром е препознаен како горчлив проблем на работното население и дека се однесува исклучиво на прекумерниот стрес на работа, иако истите симптоми може да гиимаат и оние кои студираат.
Симптоми на „прегореност“
Овој синдром е класифициран и од страна на Светската здравствена организација, а се однесува на состојба на хронична емоционална и телесна исцрпеност, односно на чувство дека на работата ѝ нема крај.
Се јавува демотивираност за работа, намалена продуктивност и за жал, чувство дека од она што го работите нема никаква корист.
Постојат три симптоми дека сте „прегореле“:
Чувство на намалена енергија и постојана исцрпеност
Зголемено ментално дистанцирање од работата
Намалена работна продуктивност
Овој синдром остава силни последици, поради што може да се јави и несоница, или главоболка, а тоа дополнително ја влошува ситуацијата.
Во ваков случај освен од тимот за работа, треба да се дистанцирате и од семејството и од пријателите, кои со текот на времето би можеле да почнат да се жалат на вашата неприсутност и раздразливост.
Мислете на себе
Доколку постојано работите прекувремено, за време на викенди и празници, треба да поставите лични граници. Покажете им ја на колегите својата вредност, давајќи им до знаење дека имате право на слободно време.
Свртете се кон природата или започнете некое ново хоби. Со други зборови, проблемот не треба да се игнорира туку отворено да се признае. Без срам разговарајте со некој близок или пак со стручно лице, со цел да пронајдете механизми за борба со стресот и работното опкружување, додека не е предоцна.