За некои знаци од Зодијакот, Денот на вљубените е најубавиот празник во годината. Очекуваат овој ден да биде романтичен, исполнет со љубов, внимание и многу убави подароци.
Тие сакаат да го поминат овој посебен Ден на вљубените со својот партнер на уникатен начин. Но, постојат знаци на Зодијакот кои попрво би легнале на каучот и да гледаат во таванот, наместо да се „мачат“ со сите очекувања на овој ден.
Јарец
Јарците се одговорни, одлучни и дисциплинирани, но знаат и дека се песимисти кои не сакаат да им кажуваат на другите што да прават. Нивната практичност им помага да направат совршен план за трошење и штедење, па не сакаат да „трошат“ пари на непотребни работи. Затоа не сакаат некој да им каже дека тој конкретен ден треба да му купат подарок на партнерот, а со тоа да ги покажат своите емоции и да постапат на одреден начин.
Водолија
Додека Водолиите се интелигентни, пријателски расположени и креативни, тие можат да бидат и малку емотивни. Нивниот уметнички мозок понекогаш прави да изгледаат неодговорно, толку многу што целосно ќе заборават дека Денот на вљубените воопшто постои. Но, тоа не е нивна вина. Доколку навистина се инспирирани да бидат романтични и го прослават овој ден со партнерот, ќе приредат нешто навистина спектакуларно, а ако почувствуваат дека некој ги притиска да го направат тоа – веројатно ќе го одложат, заборават или едноставно ќе кажат дека не ги интересира. .
Девица
Девиците се организирани, одговорни и реални, а празникот кој вклучува цвеќиња, јадење чоколадо и прескапи вечери изгледа глупав. Тие повеќе би сакале да трошат пари на нешто што ќе трае, на пример, инвестирање во технологија или брендирана чанта. Девиците едноставно се премногу логични да ја потрошат целата своја плата на украси со цвеќиња.
Шкорпија
Додека Шкорпиите се најчувствителниот знак во целиот Зодијак, тие можат да бидат и љубоморни, опсесивни и параноични, па затоа идејата за Денот на вљубените е премногу за нив. Притисокот да се најде совршен подарок, порака со длабоко значење и организирање на незаборавна љубовна средба може да ги доведе Шкорпиите во бес и тие попрво би го прескокнале целиот овој процес. Исто така, љубовта на Шкорпијата не може да се покаже само во еден ден од годината.