Лукаревска преку УЈП признава дека им се случил криминал од над 22 милиони евра пред нос и дека ништо не преземале, вели Наум стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција.
-Лукаревска јавно вели дека на адреси на фирмите нема складишта, нема магацини, нема ништо, ама затоа, им ја признава трговијата и ги става на листа на должници? По кој основ фирмите Актико, потоа Окитна и Хантонос, потоа Хант Осој се на листа на должници? И тука има две огромни неодговорени прашања: .Доколку немало поврат на ДДВ, туку парите се за “аконтација” за “во иднина”; зошто УЈП после година и пол ги става на листа на должници Актико/Окитна и потоа Хантонос/Хант Осој? Како УЈП им пресметала даночен долг, ако нема пристап до деловните книги? За што треба да се наплати данок од 11 односно 12.2 милиони евра? Дали УЈП признава фиктивна трговија на овие две фирми, на “празна ливада”, а нема увид во книгите и тоа јасно го покажуваат извештаите од надворешната контрола на УЈП направена после цела година од продажбата на фирмите и година и пол по трговијата на овие фирми?, прашува стоилковски и додава:
-Зошто за Актико/Окитна и за Хантонос/Хант Осој нема предмет до ОЈО, тука има јасен организиран криминал? Дури и во извештаите стои дека има сомнеж за други казниви дела. Законот е јасен, ова е криминал што опфаќа повеќе делови од Кривичниот закон како Член 60-а за даночна пријава со лажни податоци заради имотна корист, до член 378 за фалсификувани исправи. И ова било должност и пракса на УЈП. Зошто Лукаревска не поднесе кривична, туку фирмите ги става на листа на должници?
Верувам дека во УЈП точно знаат за што зборам, и добро е некој да и одржи обука на Сања Лукаревска, вели Стоилковски.