Тиктокерката Бриел Ацеро, која стана вирална откако со солзи раскажа колку и е тешко да работи од 9 до 17 часот, доби отказ. Бриел во октомври започна лавина реакции бидејќи се пожалила дека нема време за ништо откако завршила факултет и ја добила првата работа, а нејзината приказна завршила во Дневник.
Сега таа на ТикТок објави дека е отпуштена.
„Нема да седам овде и да плачам, но добив отказ од мојата прва работа што ја барав пет месеци и се преселив во Њујорк. Во суштина, не сум јас виновна, пред да почнеме“, започна Бриел, објаснувајќи што се случи.
„Работев во стартап и го немаа она што е потребно за да ме обучат и да ми дадат работа“, тврди таа. Бриел додала дека не успеала да заштеди ништо затоа што платата и одела на сметки и други работи, а како што наведува сега и е тешко да најде нова работа бидејќи било сезона на годишни одмори.
Таа потоа ги покани луѓето да ја известат за сите отворени работни места за дигитален маркетинг или предложила дека може да работи како дадилка или во некоја услужна индустрија додека не најде нешто подобро. Не е јасно дали Бриел веќе успеала да најде нова работа, но луѓето сочувствуваат со неа во коментарите.
„Ова е реалноста на вработувањето денес, лудост е“, „Имам три дипломи + искуство, пет месеци по дипломирањето не можам да најдам работа. Не си сама“, „Многу ми е жал… ќе биде во ред.Почни да снимаш што правиш после отказот“, и пишуваат во коментар.
Погледнете ја нејззината исповед на курир.рс