Повеќе од 1.400 професионални членови на финската музичка индустрија потпишаа петиција со која се бара забрана на Израел од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија поради, како што велат, поради „воените злосторства“ во Појасот Газа.
Доколку Израел не биде исклучен од натпреварот, тие бараат од финскиот јавен сервис да ја повлече апликацијата и земјата да не биде дел од овогодинешниот музички натпревар Евросонг, чиј домаќин од 7 до 11 мај, ќе биде шведскиот град Малме.
Минатиот месец, исландските музичари поставија слични барања до нивниот национален радиодифузер.
Лукас Корпелаинен, еден од авторите на петицијата, рече дека не е прифатливо Израел да учествува на натпреварот.
Меѓу потписниците се финските уметници Олави Усивирта, Палефејс и Аксел Енстром, кои ја претставуваа Финска на натпреварот во 2011 година.
Тие ја обвинуваат националната телевизија на Финска за двојни стандарди, наведувајќи дека радиодифузерот бил меѓу првите што побарал забрана за појавување на Русија во 2022 година.
„Истата активна одбрана на вредностите ја очекуваме и сега“, велат потписниците.
Минатата година Израел го освои третото место на Изборот за песна на Евровизија во Ливерпул.
Тогаш настапи Ноа Кирел и ги освои симпатиите на публиНата.N