Линда Андраде е сопруга на богатиот мексикански претприемач Рики Андраде, која на Инстаграм ја следат 164 милиони луѓе, а неодамна објави видео во кое сподели бизарни совети за жените како да го привлечат вниманието на богатите мажи.
„Трошете многу повеќе пари отколку што треба, постапете како да сте најубави во собата, дури и ако веројатно не сте, и постапете глупаво. Мозок? Кому му треба мозок“, рече инфлуенсерката.
„Повеќе би сакала да бидам независна“, „Твојата содржина е ѓубре, луѓето дефинитивно не треба да го гледаат ова“, „Ја сакам твојата смисла за хумор“, „Се што ќе кажеш е вистина“, се само дел од коментарите под нејзината објава. .
Линда често на Инстаграм покажува како изгледа животот на сопругата на милионер. Таа неодамна откри дека месечно троши повеќе од пет илјади долари за изглед и дотерување. Многумина ја критикуваа дека распничка.
Рики Андраде имал само 21 година кога ја напуштил работата и се посветил на маркетингот. Брзо научил нови вештини и до 23-годишна возраст го заработил својот прв милион. Тој е сопственик на Маркет Мастерс Академија, каде што обучува претприемачи, им помага да напредуваат во нивните кариери.
Работата го спои со Линда. Тие брзо се зближија и се венчаа. Линда има и претприемачки дух. Таа лансираше бренд за женска мода и шминка. Денес таа води клиника во Калифорнија. И двајцата заработуваат милиони од нивните компании.
Извор: Курир.рс