Во текот на минатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во координација со Градот Скопје, реализираа активности за целосно расчистување на реонот на археолошкото наоѓалиште – Скопски aквадукт.
-Во рамките на активностите беа подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен градежен, кабаст и мешан комунален отпад. При отстранувањето на дивите депонии околу Скопскиот aквадукт беа ангажирани десет работници на терен, додека од механизација беа употребени две специјални комунални возила – патарки и подигнувач-багер, информираат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.