Македонската Радио Телевизија ја информираше јавноста дека донеле одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.
-Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година. МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале, се вели во информацијата од МТВ.
Дека Македонија и оваа година нема да биде дел од најголемата европска, па и светска музичка манифестација го потврдија ид од ЕБУ објавувајќи ги сите 37 земји учеснички, меѓу кои не е Македонија.
37 broadcasters will be #UnitedByMusic in Malmö 2024 for the 68th Eurovision Song Contest 🇸🇪 pic.twitter.com/szIQIz05Wu
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) December 5, 2023
–
Македонскиот фан сајт за Евросонг исто така потврди дека Македонија и годинава ќе отсуствува од Евросонг.
– Со длабока тага потврдуваме дека Северна Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.
We’re deeply sad to confirm that 🇲🇰 North Macedonia will be absent from the Eurovision Song Contest for the second year in a row.
Best of luck to all 37 competing countries and we’re looking forward to the big show in Malmö. pic.twitter.com/uOT5S2gX9z
— 🇲🇰 Macedonia in Eurovision (@esc_macedonia) December 5, 2023