Основното јавно обвинтелство информира дека за осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена наредба за спроведување истрага за кривични дела – грабнување од член 141 и убиство од член 123 од КЗ.
Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, велат од ОЈО.
Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање.