Почина македонската актерска легенда Мето Јовановски (77).
Жалната вест на Фејсбук ја објави актерот Драган Спасов-Дац.
„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук.
Јовановски остави голем траг во македонското, но и југословенското актерство. Ќе остане познат по филмовите „Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“…, каде ја имаше главната улога.
Јовановски е роден во Пехчево, а неговата кариера почнала на сцената на Народниот театар во Штип, уште пред да се запише на студиите.