Фитнес-тренерoт Ема Логсдон неодамна на својот Тикток-профил објави кој оброк придонел за нејзиниот губиток на вишокот килограми.
– Ова е мојот главен ручек за којшто се потребни две минути да се подготви… Има 40 грама протеини и чини помалку од два долари, вели таа во нејзиното видео.
Таа потоа го објаснува рецептот што „чини околу 100 денари“ и содржи варен ориз, варена боранија, печено пилешко и малку авокадо. За сѐ тоа, девојката користи и вага за да знае колку точно протеини, јаглехидрати и масти ќе има нејзиниот оброк.
@emlogsdon.fit cheap, good, AND healthy ?! 🤤 #diet #highprotein #gym #weightloss ♬ Aesthetic – Tollan Kim
Фората, според Ема, е во тоа да се земе од сите производи во поголеми количини (за да се заштеди време) и потоа тие се делат на помали порции, заради заштеда на пари
Како што Ема истакнува на крајот од видеото, нејзиниот оброк содржи 472 калории, 40 грама протеини, 13 грама масти и 48 грама јаглени хидрати.