Освен тоа што ништо не работат и за две години резултатите им се нула, локалната власт на ДПМНЕ ја тресат серија скандали, се вели во соопштението на СДСМ.
– Градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски се гледа на слики со скап часовник, кој според јавно достапните информации чини 8.000 евра. Од каде му се 8.000 евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат? Колку пари има заработено граночалникот Орце Ѓорѓиевски штом може да си дозволи луксузен часовски вреден илјадници евра, велат од партијата.
Во Зрновци, според нив, под капата на ДПМНЕ се случуваат скандалозно, бизарно и нелогично трошење на народните пари.
Директорка назначена од ДПМНЕ преку сметка на основното училиште во Зрновци купила гејмерска столица од 9.999 денари, хибриден брич од 6.374 денари и смути блендер, се вели во соопштението на СДСМ.