Судскиот совет го заврши процесот на избор на претседатели во неколку основни судови низ државата, а именувани се и неколку в.д. претседатели.
Со Основниот суд од Штип, ќе раководи судијата Ацо Тасев, за кого членовите рекоа дека по 27 години судиска функција, напредува како претседател. Избрани се нови претседатели во судовите во Неготино, Кичево и Крива Паланка. Судијката Билјана Толова е избрана за претседател на Основен суд Неготино, како единствен кандидат.
За претседател на Основен суд Кичево од тројца кандидати, за нов претседател е избрана Футурије Дервиши.
Донесена е одлука за распишување оглас за претседатели на Виш Управен суд Скопје, како и во Основните судови во Берово, Делчево, Кавадарци, Крушево и Струга.
Во исто време, формирана е Комисија, за утврдување одговорност на судија, кој е и претседател на кавадаречкиот Основен суд. За предметот познат како ТНТ, членови Судскиот совет ќе извршат посета на Апелациониот суд Скопје.