Денешните бракови тешко дочекуваат јубилеи, особено браковите на естрадата. Но, дека не е секогаш така доказ се пeјачката Kатерина Таневска и нејзиниот сопруг Блажо, кои на 27 ноември ќе стават 25 годишнина од бракот. Ако кон ова се додадат и уште седум години врска, тогаш Кате и Блажо или Блашко како што сите го викаат, се заедно 32 годони.
Бројка за пофалба и за вистинско време да се праша кој е нивниот рецепт за убав брак.
На ова прашање прв одговори Блашко, уште на „Охрид фест“, кога прв пријде да ја бакне и да и ја честита наградата на Кате. Уште тогаш на констатацијата дека „Кате изгледа како девојче“ тој рече.
-Епа ќе изгледа, многу ја чувам. Добро ја чувам. Моја Кате е ѓоа вино, не старее“, рече Блажо.
Кате е доказ дека навистина изгледот на жената, односно среќата на жената се гледа и по тоа во каков брак живее. Таа вели дека имаат среќен брак и дека се е добро ако има толеранција, разбирање и поддршка.
-Нема рецепт за среќен брак. Треба љубов. А ако има и толеранција, разбирање и поддршка е тогаш е успешен брак. Толеранција и тоа голема толеранција. Јас и Блашко се земавме од љубов. Седум години бевме во врска и голема среќа е што ме поддржува во работатата. Се што првам, правам на негова иницијатива. И сега правам еден проект во Хрватска и ако не беше Блашко да ме натера немаше да го реализирам. Нему му е убаво кога ме гледа и слуша кога пеам, вели Кате.
Додека траеше пандемијата Кате, како и многу нејзини колеги, размислувала да се повлече од естрадата, но, секако, тоа не и го дозволил Блашко.
-Навистина додека траеше тоа лудило сакав да се повлечам ама тој ми рече никако, млада си има уште што да покажеш. Блашко многу ја сака музиката, убаво пее, имал мерак ама никогаш не се охрабрил за да почне професионално да се занимава со музика. Повеке песни знае од мене. Тој слуша секаква музика. Со нас на прослави пее ама ваква јавно не. Па често дома имаме друштво и секогаш гостите со музика ги пречекува, вели Кате.
Плод на нивната љубов се нивните деца Ларита (23) и Марко (19). Иако имаат музикални родители, сепак, ни едното ни другото не се занимава со музика.
– И двајцата се многу талентирани, имаат убави гласови. Ама исто како мене на почетокот, така и тие срамежливи се. Но, по дома сите пееме, а Блажо најмногу, вели пејачката, која навистина изгледа младолико.
Па, и во ова нема рецепт, ниту некоја тајна.
-Не внимавам на ништо, јадам што сакам и не вежбам. Јас за сите водам грижа, а за мене најмалку. Затоа за мојот изглед се задолжени исклучиво моите гени. За среќа, вели Кате.
Весна Миленковска