Поранешната организаторка на венчавки, Нова Џулс од Шкотска призна дека младоженците пред нивниот најважен ден, барале да имаат секс со неа. Таа исто така, работела и со невести кои непосредно пред венчавката, ја преиспитувале својата сексуалност. Како организаторка на венчавки, оваа жена работела пет години, а сега работи како OnlyFans модел.
„Убаво ми е да гледам како се венчаат луѓето, но за многу парови сакав таквиот чин да заврши што побргу и да исчезнат од мојот живот. Со оглед дека работев како организаторка на венчавки, сфатив дека мажите немаат апсолутно никакви граници, а ниту пристојност“, изјавила таа за Daily Star.
„Младоженците често знаеја да ми праќаат пораки на социјалните мрежи говорејќи дека се возбудиле веднаш штом сфатиле дека јас се занимавам со нивната венчавка. Некои од нив, бараа со нив да одам в кревет“, додала таа.
Нова во интервјуто открила дека освен тоа, дел од невестите исто така од неа барале да имаат односи. Иако често била во незгодна ситуација, на Нова ѝ годело додворувањето на младоженците пред свадбата.
„Тоа ме палеше неверојатно многу бидејќи на крајот на денот јас бев таа која ја контролираше целата ситуација. Ги оставав да копнеат по мене цело време“, додала таа.
Меѓутоа, Нова одлучила да ја напушти кариерата и да отпочне нова во порно индустријата. Вели дека тоа ѝ годи бидејќи понекогаш не мора да прави што било за да дојде до пари. Дури почнала да заработува двојно повеќе за разлика од порано.