Готови проекти со стопроцентно сработена содржина од наша страна, се доставуваат до град Скопје и од таму добиваме нула проценти поддршка. Се што е во наша надлежност е целосно сработено, но наидуваме на обструкции од градоначалничката Данела, рече во денешното гостување на Стадион, градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
- Една од најголемите општини сме што нема своја поликлиника. Ако државата нема интерес јас урбанистички мојот дел ќе го завршам земјиштето, да има уцртано во планот поликлиника и предавање на земјиштето кон државната институција и ослободување од комуналии останатото не е наша надлежност, истакнува Ѓорѓиевски.
Вели дека целосно сработени проекти со обезбедени финансии остануваат не реализирани поради тоа што се чека на град Скопје да ги одобри истите.
- Чекаме ние месец дена сериозните стручњаци, како ќе станат од спиење, дали да ми го одобрат или не. Они ќе наплаќаат, јас реализирам целосно со средства на граѓаните, општински пари а ги чекам да ми одобрат, иако усмено ни е одобрено мора шефицата да им каже, вели Ѓорѓиевски.